Wednesday, December 16, 2015

Заштита

Заштитата од рак се дефинира како превземање активни мерки за намалување на појавата на рак. Мнозинството на ризични фактори за појава на рак се поврзани со животната средина и начинот на живеење, што значи дека постои заштита од ракот. 
 

Дијагноза

Повеќето случаи на рак првично се дијагностицираат при клинички преглед по откривањето на знаци или симптоми на ракот. Меѓутоа, за конечна дијагноза и типизација на ракот најчесто е потребно мислење од патолог, вид на лекар кој е специјализиран за дијагностицирање на рак и други болести. Тестовите кои се вршат на луѓе што може да имаат рак вклучуваат крвни слики, рентген снимки, снимање на мозокот и ендоскопија.


Причини


Хемикалии
Патогенезата на ракот може да се следи назад до мутациите во ДНА-та кои влијаат на растот на клетките и метастазите. Супстанциите кои ги предизвикуваат овие мутации се познати како мутагени, а мутагените што предизвикуваат рак се познати како карциногени. Посебни супстанции се поврзуваат со посебни видови на рак. Пушењето е поврзано со неколку форми на ракот, и е причинител на 90% на рак на бели дробови. Долгото изложување на азбестни влакна е поврзано со појава на мезотелиом. Многу мутагени се и карциногени, но некои карциногени не се мутагени. Алкохолот е пример за хемиски карциноген што не е мутаген. Вакви хемикалии можат да го поттикнат ракот со стимулација на стапката на клеточна делба. Поголема стапка на репликација, остава помалку време за репараторните ензими да ја поправат оштетената ДНА за време на репликацијата, со што се зголемува можноста за мутација. 


Зрачење
Рак можат да предизвикаат и извори на јонизирачко зрачење, како на пример гасот радон


Универзитет Гоце Делчев

Знаци и симптоми


Симптомите на рак можеме грубо да ги поделиме во три групи:
  • Локални симптоми: невообичаени грутки или отекувања (тумори), крварење, болка и/или улцерација. Притискањето на околните ткива може да предизвика симптоми како жолтица (пожолтување на очите и кожата).
  • Симптоми на метастаза (ширење): зголемени лимфни јазли, кашлица и хепатомегалија (зголемен црн дроб), болка во коските, кршливост на заразените коски и невролошки симптоми. Иако ракот во напредна фаза може да предизвика болка, таа најчесто не е првиот симптом.
  • Системски симптоми: губење на тежина, слаб апетит, исцрпеност, кахексија, прекумерно потење, анемија (слабокрвност) и специфични паранеопластични феномени, т.е. специфични услови кои се должат на активниот рак, како тромбоза или хормонални промени.

Секој симптом од горенаведените може да биде предизвикан од различни услови (листа која се нарекува диференцијална дијагноза). Ракот може, но не мора да биде заедничка за причина за секој од нив.

Што претставува болеста рак?

Ракот е нарушување што може да се случи во секоја клетка од нашето тело. Toa е грешка во генетскиот код кај клетката, што придонесува клетката да расте без контрола. Во 90% од случаите оваа генетска грешка не е наследена, туку се јавила поради изложеност на една или повеќе канцерогени за време на нашиот живот што предизвикуваат да се развие ракот. Но сепак наследните гените сепак играат улога во тоа колку ние сме предиспонирани да развиеме рак.