Повеќето случаи на рак првично се дијагностицираат при
клинички преглед по откривањето на знаци или симптоми на ракот. Меѓутоа, за
конечна дијагноза и типизација на ракот најчесто е потребно мислење од патолог,
вид на лекар кој е специјализиран за дијагностицирање на рак и други болести.
Тестовите кои се вршат на луѓе што може да имаат рак вклучуваат крвни слики,
рентген снимки, снимање на мозокот и ендоскопија.
Патологија
Може да се посомневаме на заболување од рак од различни
причини, но конечната дијагноза за повеќето малигнинети треба да биде потврдена
од хистолошки преглед на канцерогени клетки направен од патолог. Ткивото може
да се добие преку биопсија или операција. Многу биопсии (како оние на кожата,
градите или црниот дроб) може да се направат во лекарска ординација. Биопсии на
други органи се вршат под анестезија и за нив е потребна операција во
операциона сала. Дијагнозата на ткивото, дадена од патологот го покажува видот
на клетки што се размножува, хистолошката оцена, генетските ненормалности и
други карактеристики на туморот. Заедно, овие информации се корисни за
проценување на прогнозата на пациентот и бирање на соодветниот начин на
лекување. Цитогенетиката и имунохистохемијата се други начини на испитување кои
патологот ги врши врз примероците на ткиво. Овие испитувања можат да овозможат
податоци за молекуларните промени (како мутации, фузиски гени и промени во
бројот на хромозомите) кои се случуваат во канцерските клетки, и затоа можат да
го предвидат однесувањето на ракот и соодветниот третман.
0 коментари:
Post a Comment