Заштитата од рак се дефинира како превземање активни
мерки за намалување на појавата на рак. Мнозинството на ризични фактори за
појава на рак се поврзани со животната средина и начинот на живеење, што значи
дека постои заштита од ракот.
Повеќе од 30% од случаите со рак може да се спречат ако
се избегнуваат неколку фактори на ризик како: тутунот, преголемата тежина,
недоволно конзумирање на овошје и зеленчук, физичка неактивност, алкохол,
сексуално преносливи болести и загадување на воздухот. Примери за
приспособливоста на факторите на ризик се конзумирање на алкохол (поврзано со
зголемен ризик од усен рак, рак на хранопроводот, на дојката итн), пушење (80%
од жените заболени од рак на бели дробови биле пушачи, 90% од мажите), физичка
неактивност (поврзана со зголемен ризик од рак на дебелото црево, градите,
ендометриумот и други видови рак). Според епидемиолошките докази, сега знаеме
дека избегнувањето на претерано конзумирање алкохол може да допринесе за
намалување на ризикот од одредени видови рак. Сепак, споредено со изложеноста
на тутун, силата на овие докази е често слаба. Други фактори на животната
средина и начинот на живеење кои влијаат врз ризикот од рак (или поволно или
неповолно) се одредени сексуално преносливи болести, употребата на егзогени
хормони, изложувањето на јонизирачко зрачење и ултравиолетово зрачење од
сонцето или солариумите, и одредени изложувања на работното место.
0 коментари:
Post a Comment